Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Измамник од Бојане лажел дека работи во суд: зел 7.750 евра за да „среди“ ослободување од притвор

Жител на скопското село Бојане е осомничен дека се претставувал како вработен во суд и на семејство, чијшто син бил во притвор, ветувал дека може да влијае врз постапката и да го „ослободи“ притвореникот.

Според истрагата, во мај 2025 година 41-годишниот Н.З. излажал родител на притвореникот кој поверувал во неговата приказна и во три одвоени наврати му исплатил вкупно 7.750 евра.

Сепак, ветената „услуга“ не била исполнета, по што измамата била пријавена во полиција.

Полицијата го документирала случајот и против Н.З. е поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот