Измама во Струмица, вработен во хотел „олеснет“ за 900 евра

евра
Евра / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Случај на измама бил пријавен вчера во Струмица, а оштетениот, вработен во хотел, бил „олеснет“ за над 900 евра, соопшти полицијата.

„На 25.03.2022 во 14.20 часот во СВР Струмица, 62-годишен маж од Струмица, вработен во хотел во Струмица, пријавил дека бил измамен од едно лице кое телефонски, претставувајќи се дека е од Скопје, резервирало неколку соби и конференциска сала во хотелот, а потоа се јавило уште два пати и му побарало од него да плати вкупно 56.000 денари за услуга што некоја фирма му ја извршила во Струмица, кои ќе му бидат вратени по неговото доаѓање таму. Според пријавеното, пријавителот ги испратил потребните пари преку посредник, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека е измамен“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот