Изложбата „Звучни слики“ ќе биде амбиент за поетското читање „Музички песни“

Плакат за настанот „Музички песни“ во МКЦ

Во рамките на изложбата „Звучни слики“ на Владимир Мартиновски, на 14 март (четврток), со почеток во 18 часот, во Галеријата на МКЦ ќе се одржи поетско читање „Музички песни (за деца и возрасни)“.

Авторот Владимир Мартиновски ќе чита избор од песни од книгите за деца („Шах со Бах“ и „Хор од задниот двор“) и за возрасни („Квартети“ и „Пред и по танцот“) со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката.

Поставката „Звучни слики“ е прва самостојна изложба на писателот и професор Владимир Мартиновски, во која се вкрстуваат две негови пасии: музиката и сликарството.

Изложбата е сочинета од дигитални графики, акрилици на платно и хартија, како и неколку акварели, чии заеднички именител е доживувањето на музиката. Сликите во различни формати визуелно го слават чинот на музицирање. Во Галеријата на МКЦ изложбата ќе биде поставена до 20 март 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот