Изложбата „Визуелна поезија на кирилица“ ќе биде поставена во Студентскиот културен центар при УКИМ
Во просториите на Студентскиот културен центар при УКИМ на 30 септември, во 18 часот, ќе се одржи завршната изложба од креативните работилници со наслов „Визуелна поезија на кирилица“ во менторство на поетесата Елена Пренџова, кои се остварија со финансиска поддршка на Министерството за култура како дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На изложбата ќе се претстават делата на учесничките и учесниците од детската група, на возраст од 6 до 9 години, но и учесничките и учесниците од групата возрасни: Амелиа Велков, Ведран Стојановски, Дамјан Врбовски, Дијана Петкова, Ена Петрова, Марија Елисковска, Марика Велкова, Михаил Елисковски, Наташка Малинка-Миновска, Николче Јакимовски, Томе Велков и Аријана Исидори од Италија.
Настанот е од јавен карактер. Студентскиот културен центар при УКИМ е сместен во просториите на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.


