Уметникот Исмет Рамиќевиќ со изложбата „Ехо во мразот“ ќе се претстави во Македонскиот културен центар во Софија
Во Македонскиот културен центар во Софија, Бугарија, на 29 април (среда), во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Ехо во мразот“ од еминентниот македонски ликовен уметник Исмет Рамиќевиќ. Концептот на изложбата „Ехо во мразот“ ја артикулира и рефлектира современата глобална воено-политичка реалност. Во ова актуелно време кога се одвиваат сè поголеми отворени и прикриени конфликти, …

