Изложбата „Фотомедија 2020“ во „Мала станица“ може да се посети до 30 ноември

Биеналната изложба на фотографија „Фотомедија 2020“ во своето 17-то издание донесе повеќе од 650 фотографии на автори од целиот свет. Дваесетина од нив се закитија со награди, а тука издвојуваме три од наградените автори.

Најдобар автор и добитник на Златен медал од ФИАП за колекција е Антон Тратник од Словенија, авторот Ален Ликари од Франција ја доби наградата на Град Скопје и Златен медал за колекција од ФСМ, додека Естер Епштајн од Израел доби Златен медал од ФИАП во поединечната селекција.

Антон Тратник, Словенија
Ален Ликари, Франција
Естер Епштајн, Израел

Изложбата „Фотомедија 2020“ е поставена во „Мала станица“ при Националната галерија на РСМ, каде што се изложени сите наградени фотографии, беше отворена на 10 ноември и ќе може да се посети до 30 ноември. Организатор на изложбата е фотоклубот „Елема“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 56, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот