Изложбата е со наслов „Период на кентаурите“

Изложба со скулптури од Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа е поставена во КИЦ – Скопје

Во изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар во Скопје на 26 ноември, во 20 часот, ќе биде отворена изложба на скулптури со наслов „Период на кентаурите“ од Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа. Авторот беше еден од ексклузивните гости на уметничката работилница „Арт поинт – Гумно“ оваа година во селото Слоештица.

Роден во Неготин, Србија, Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа е визуелен уметник, музичар и есеист, како и идеолошки водач на уметничкото движење BKBF (Bober Kunst Bildhauer Fabrik), Крижевци, Словенија. Дипломирал на Факултет за применети уметности, на Оддел за применета скулптура во 1997 година.

Изложувал на бројни самостојни изложби во земјата и странство. Неговите монументални јавни дела се наоѓаат во голем број земји и музеи низ целиот свет, како и во јавни и приватни колекции. Член е на УЛУПУДС и неколку странски здруженија (Кина, Италија, Унгарија).

Неговото творештво вклучува неколку различни циклуси насочени кон критикување на насилството на технологијата врз човештвото. Тој се изразува во повеќе медиуми, главно негувајќи експресивен реализам.

Од 2015 година, тој го негува циклусот „Дивидуализам и очигледна симетрија“ што претставува визуелно помирување на класичната и постмодерната уметност, главно преку дисецирање на грчкиот мит преку современа, честопати сатирична интерпретација. Доцент и раководител е на Одделот за скулптура на Факултетот за уметности во Косовска Митровица. Изложбата со неговите дела во КИЦ – Скопје ќе биде поставена до 12 декември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот