Скулптуралната инсталација „Управило и наследството на Мурто“ која е концепциски и ликовно поврзана со претходните дела „Рамнотежист“ и „Управило“, сега како продолжение прикажува како човечката фигура, со поедноставени, апстрахирани анатомски одлики, која во контекст на просторот и поставеноста, ја отсликува важноста, ја нагласува доминантноста и значењето на субјектот и темата.
Надоврзувајќи се на предходните размисли и нивната реализација преку ликовни средства, Камењаров повторно ја забележува и преиспитува состојбата и поставеноста кај единките и групите, поточно хиерархиската поставеност во нивните меѓусебни односи.
Како алегорија, се препознава старата народна мудрост која потсетува што е она што ги одредува правилата на игра (и играта воопшто!) и води, управува, влијае на поклониците.
Изложбата ќе може да се посети до 19-ти септември.
Видео на денот