Излезе од печат поштенската марка „Деца со ретки болести – фенилкетонурија“

Денеска од печат излегува поштенска марка „Деца со ретки болести – фенилкетонурија“, што претставува прва поштенска марка од ваков вид во светот. Поштенската марка е со номинална вредност од 36 денари и првпат се печати во Македонија во 6 илјади примероци. Станува збор за иницијатива на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ и претседателката Гордана Лолеска која е вработена во Македонска пошта.

За поздравување е фактот што Македонска пошта со ова дело по којзнае кој пат, уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија која се грижи за своите граѓани, особено за пациентите со ретки болести посветувајќи поштенски марки на најранливата категорија, децата.  Изминативе години Македонска пошта активно се вклучува во кампањите за подигање на јавна свест за ретките болести со издавањето на пет поштенски марки, посветени на децата со ретки болести, децата со алпортов синдром, децата со болест на гоше, децата со булозна епидермолиза и децата со ихтиоза, велат од Здружението „Ретко е да си редок“.

Владата во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата донесе одлука за спроведување метаболен скрининг за фенилкетонурија за секое новороденче низ целата територија. Оваа клучна иницијатива има за цел да го подобри раното откривање и интервенција, обезбедувајќи ја благосостојбата на нашите најмлади граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот