Излезе „Културен печат“ број 319 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 319, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (7-8.2.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со визуелниот уметник Страхил М. Петровски за неговите изложби во Париз и Њујорк: Уметноста не смее да е изолирана
– разговор со Лина Вдови за креативниот документарен филм „Тата“, што ќе биде прикажан на „Зимски МакеДокс“: Нема решение ако работите ги држиме под тепих
– Културниот центар „Интерарт“ го објави составот на жирито на Националниот натпревар за млади балетски уметници „Роксан Стојанов“
– второто издание на „Мувинг Балканс – Шоукејс за современ танц“ ќе се одржи од 13 до 16 мај 2026 година во Нови Сад, Србија, и ќе претстави избор на десет современи танцови продукции и шест Денс Скејп пичинг проекти од Балканот
– македонскиот пијанист и композитор Гордан Спасовски победи на Меѓународниот натпревар за биг-бенд композиција, што го организираше џез-оркестарот „Милениум“ од Холандија
– февруарската концертна серија на Институтот „Фејм’с“ (Fame’s) ќе биде отворена на 10 февруари со концерт на виолинистот Даниел Роуланд и 30 млади европски музичари
– во Музејот на современата уметност во Скопје на 7 февруари (сабота), точно напладне во 12 часот, ќе се одржи настанот „МСУ Водич и Матине“ со кустосот Бојана Јанева
– Друштвото на писателите на Македонија го објави списокот на финалистите што влегоа во најтесен избор за Годишните награди за 2025 година
– книгоиздателството „Матица македонска“ со зимскиот саем на книгата „Книга во секој дом“ го почна одбележувањето на големиот јубилеј по повод 35 години од основањето
– издавачката куќа „Или-или“ објави реиздание на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски
– издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ од Охрид и „Култура Бета“ од Скопје, на 7 февруари, во Охрид ќе го реализира осмото издание на проектот „Добри гости“.



