Насловна страница на „Културен печат“ број 256

Излезе „Културен печат“ број 256 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 256, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (16-17.11.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со театарската режисерка и професорка Зоја Бузалковска: Поставивме нови стандарди

– почна 49-то издание на меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“: Со минимум буџет МОТ покажува дека не е осамен

– разговор со Катја Легин од Креативниот центар „Крушче“ за претставата „Куќа, дом“ на МОТ

– Народниот театар во Битола прослави 80 години од првата претстава со премиера на претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“

– Драмски театар Скопје премиерно ја изведе претставата „Драми на принцезите“ (Смртта и девојката) во режија на Жива Бизовичар

– на Институтот за македонска литература при УКИМ на 12 ноември се одржа трибината „Книжевни дијалози“

– во Даут-пашин амам при Националната галерија на 19 ноември ќе биде отворена изложба посветена на доајенот Вангел Коџоман по повод 120 години од неговото раѓање

– охридскиот сликар Славко Упевче одбележа уметнички јубилеј со изложбата „55 години ликовна хроника на Охрид“

– петтата самостојна изложба на уметницата Јана Николовска, на која се изложени дела од нејзината најнова продукција, е поставена во „Аудиокултура“

– романот „Книга на небото“ од Крсте Чачански излезе од печат во ново руво и со нов поговор од Димитрие Дурацовски во издание на „Арс ламина“

– книгоиздателството „Либра Скорп“ од Бургас го објави преводот на стихозбирката „Преобразби/Метаморфози“ од македонската поетеса Весна Ацевска

– во издание на „Перун Артис“ од печат излезе препевот на поетската збирка „Над небото под земјата“ на словенечкиот поет и прозаист Алеш Штегер

– од печат излегоа романите „Алексо Божин“ и „Фенерите на светулките“ од Константин Дораковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот