Излезе „Културен печат“ број 149 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 149, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (8-9.10.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Катарина Коцевска Хаџи Василева, директорка на Драмски театар: Публиката е желна за театар

– 41. Скопски џез-фестивал: Програмски концепт насочен кон надградба

– Музејот на современата уметност ќе се претстави во „Кунстхале“ во Виена

– во Македонската академија на науки и уметности – МАНУ е презентиран мултимедијалниот проект „Копнеж по светлината“ на авторите Боро Рудиќ и Ферид Мухиќ

– по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски издавачката куќа „Полица“ ја објави книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски

– разговор со хрватската писателка Кристина Гавран: Кратката приказна е спринт, а романот е маратон

– успешно осмо издание на Фестивалот на европска литература „Букстар“

– со доделување на наградите заврши првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ на Театарот за деца и младинци во Скопје

– самостојната изложба со наслов „Земја“ на Бојана Артиновска Трпческа е претставена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје

– објавена е новата книга „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски

– романот за деца „Капут од мов“ од српскиот писател Стефан Тиќми е објавен на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Следниот, 150-ти број на КУЛТУРЕН ПЕЧАТ, ќе биде одбележан со промоција на книгата „Културен печат – интервјуа и разговори“ на 15 октомври, во 13 часот, во Филхармонија Бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот