Излезе „Културен печат“ број 140 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 140, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (6-7.08.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со диригентот Сашо Татарчевски за Женскиот младински хор при МКЦ: Хорот е огледало на диригентот

– разговор со Жарко Иванов за „Флипбук филм фестивал“: Филмови што ги поместуваат границите на анимацијата

– хип-хоп претставата „Црнила Ремикс“ ќе биде изведена на „Нишвил“

– средба со Александар Бошков, добитник на наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез-изведувач на „Џез фабрика фестивал“ во Битола

– „Културен печат“ присуствуваше на промоцијата на „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година“ во Охрид

– Македонско културно лето во Пустец – Преспа како дестинација за културен туризам

– уметници и волонтери учествуваат во еколошкиот проект „Заедно дишеме“

– писателката Ена Катарина Халер од Хрватска престојува на книжевна резиденција во Скопје

– романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва

– Скопскиот поетски фестивал ќе реализира поетско читање на млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена

– манифестацијата „100.000 поети за промена“ објави конкурси за поезија и дизајн на постер за своето 12. издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот