Изградбата на мега паркот во Топанско Поле започнува денеска

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Денеска започнува изградбата на мега паркот во општина Чаир, кој ќе се наоѓа на улицата Mакедонскo – косовска бригада во населбата Топанско Поле. Официјалниот почеток на изведбата на паркот ќе биде означен во 15 часот, а на настанот ќе присуствуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, како и директорите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и на „Паркови и зеленило“ што ќе работат на изградба на паркот, кој ќе се изведува како меѓуопштинска соработка помеѓу Општината и Град Скопје.

– Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни и ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини. Истовремено, во паркот се предвидени два нови спортски терени, две детски игралишта, два парка за домашни миленици, една фитнес зона, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани – информираат од Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот