Изгоре куќа во Велес

Изгоре куќа во пожар што избувна претпладне во 10 часот на улица „Јовче Чучук” бр. 40 во месноста Јурија во Велес, но нема повредени лица. Станарите навреме ја напуштиле куќата.

Екипите на територијалната противпожарна единица го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле тој да се прошири кон соседните куќи.

Според првичните сознанија од очевидци, во куќата имало поголема количина на пластични шишиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот