Изгаснат шумски пожар кај тетовско Гајре

Шумски пожар под селото Гајре е изгаснат ноќеска од тетовските пожарникари, на површина од околу 1000 метри квадратни. Командантот на противпожарната единица Ука Алити информира дека пожарот зафатил нискостеблеста шума, а проблем во вакви случаи е тешко пристапниот терен, со што е голема опасноста огнот лесно да се шири и потешко да се совлада.

-Иако станува збор за помала шумска површина од само 1000 метри квадратни, ваквите пожари се опасни бидејќи се на планински предел и поради сувата вегетација во овој период лесно можеше да се прошири и кон селото. Ваквите пожари се тешки за гаснење поради отежантиот пристап до теренот – рече Алити.

Пожарникарите добиле повик околу 19.30 часот, а бил изгаснат за околу еден час. Интервенирале четири пожарникари со едно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот