Изгаснат пожарот во скопскиот ресторан „Рагуза”

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Според извори од Противпожарната бригада на Град Скопје, во време на избувнивањето на пожарот во ресторанот имало свадба.

Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот што избувна доцна синоќа во ресторанот „Рагуза”, сместен на покривот на катната гаража на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин” во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол”.

Засега нема инфромации за евентуални повредени лица и за причинетата материјална штета.

Според извори од Противпожарната бригада на Град Скопје, во време на избувнивањето на пожарот во ресторанот имало свадба.

Во гаснењето на огнот учествуваа неколу противпожарни возила, меѓу кои и новото возило со скала од кое пожарникарите го гаснеа пожарот.

Поради пожарот улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин” времено беше затворена за сообраќај.

 

ВИДЕО l Пожар во ресторанот Рагуза, во катната гаража во центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот