Изгаснат пожарот во модуларната болница во Тетово, Филипче потврди дека има жртви

Пожар во модуларната болница во Тетово/ Фото: МИА

 Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Сведоци на настанот велат дека има повеќе повредени и починати лица, но тоа засега се уште не официјално потврдено.

Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.

-Информирана сум дека пожарот избувнал многу брзо и брзо се ширел. Немам информации за можни жртви, за тоа секако ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Министерот за здравство Венко Филипче преку твитер соопшти дека по информацијата за пожарот се  упатил кон Тетово, по што објави и нов твит дека има и жртви во страотната несреќа во болницата.

Извор: МИА

Видео на денот