Изгаснат пожарот на галијата „Среќа“, била преполна со ѓубре, но без довод на струја

Фото: Слободен печат

Пожарот што избувна денеска околу пладне на дел од напуштената галија „Среќа“ лоцирана во Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ е изгаснат. Во пожарот нема повредени лица, а причината ќе се утврдува дополнително.

Со брзата интервенција на три противпожарни екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје е изгаснат пожарот во галијата. Засега причината е непозната, но нема довод на електрична енергија, а има поголема количина на смет. Причината е најверојатно човечки фактор рече командантот на противпожарната бригада, Звонко Томески во изјава за медиумите.

Тој објасни дека дојавата за пожар ја добиле во 13.01 часот и веднаш излегле на терен.

Возилата се пристигнати се во 13.05 часот, интервенирано е брзо, спречено е проширување на пожарот кој имаше зафатено дел од Галијата, односно надворешниот дел од предниот дел и внатрешно, каде што имаше депонирано поголема количина на смет. Интервенирано е брзо, пожарот е брзо ставен под контрола, рече Томески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот