Издавачот „Матица македонска“ ќе ја организира најголема книжевна прослава на љубовта досега

Покана за промоцијата на книгата „Македонска љубовна лирика“

Во чест на 90-годишнината од раѓањето на авторот на „Дениција“, Петре М. Андреевски, оваа седмица книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја организира најголемата книжевна прослава на љубовта досега.

На 12 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ ќе се одржи големата промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На настанот стихови ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а ќе има и музичка програма на Драган Мијалковски.

– „Македонска љубовна лирика“ е книгата што ни ја враќа вербата дека и во нашево време може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Станува збор за најобемниот тематски избор од современата македонска поезија, во кој на близу 500 страници се поместени близу 350 најубави љубовни песни од македонски современи поетеси и поети од сите генерации.

Ова издание, единствено од ваков формат и различно од сите други објавени претходно е книга којашто потврдува дека нема поголема движечка сила од љубовта којашто може да ги обедини различните генерации, поетики и писма, поетеси и поети. Но и којашто ја покажува моќта на македонскиот јазик. Затоа се очекува нејзината промоција да нѐ обедини сите – истакнуваат од „Матица македонска“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот