Издавачкиот центар „Три“ го објави македонскиот превод на романот „Пеам јас и планината танцува“ од Ирене Сола

Издавачкиот центар „Три“, во рамките на проектот „Читаме заедно“, го објави македонскиот превод на романот „Пеам јас и планината танцува“ од каталонската авторка Ирене Сола, преведен од Наташа Сарџоска.

Оваа ода за природата им дава друга димензија на досегашните книги од проектот „Читаме заедно“, бидејќи станува збор за роман многу поинаков од останатите.

Ирене Сола пишува за умешноста да се живее во согласност со природата, а преку нејзиниот глас зборуваат и животните, облаците, печурките, па дури и самовилите. Персонифицираната приказна не е ни најмалку наивна. Во чудесните испреплетени стихии, Хилари, детето на планината, освен што ја опева природата, му дава суштина на постоењето како битие. Митологија, рефлексија на минатото, но и на современоста – еден цел нов свет отаде книжевноста. Станува збор за наратив за секој што сака да се доближи до природата, до книжевноста и до суштината на постоењето.

Преведен од ерудитната преведувачка со огромни познавања за шпанската литература Наташа Сарџоска, оваа книга гарантира квалитет. Самата извонредна приказна придонесува за културна и јазична циркулација на книжевните и животните вредности, со што се доближува уште еден чекор до остварувањето на идејата на проектот „Читаме заедно“, реализиран од издавачкиот центар „Три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 99, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 2-3 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот