Избрана локацијата за нова престолнина на Индонезија

Џакарта, Индонезија / Фото: Архива

Индонезискиот претседател Џоко Видодо ја откри локацијата за новиот главен град, кој ќе го замени сегашниот главен град, прометната Џакарта.

Новиот администрациски центар ќе биде изграден во шумско подрачје на границата помеѓу округот Кутаи Картагенара и Северен Пенајам Пасера во покраината источен Калимантан, во близина на градот Баликпапана, изјавил Видодо.

„Локацијата е стратешки избрана, се наоѓа во центарот на Индонезија“, рекол Џоко.

На тоа избрано подрачје минимални се ризиците од поплави, потреси, цунами и вулкански ерупции, објаснил претседателот на државата.

Предлогот за законот за нов главен град би требало утре да биде потврден. Владата сака да почне да се сели во новиот главен град до 2024 година, на крајот од вториот петгодишен мандат на претседателот.

Студија на Технолошкиот институт Бандунг покажува дека до 2050 година под вода ќе биде 36 отсто од Џакарта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот