Бела облека - Фото: pexels-karola-g

Избелете ја облеката со состојки што веќе ги имате дома: Ќе се изненадите од резултатите

Одржувањето на белата облека често знае да биде вистински предизвик, особено кога ќе се појават тврдокорни дамки или кога ткаенината ќе ја изгуби свежината и сјајот.

За среќа, постојат природни начини со кои белата облека повторно може да заблеска, без употреба на агресивни хемиски средства за белење. Еден од најдобрите помошници од кујната е прашокот за пециво.

Во врела вода додадете три до четири лажици прашок за пециво и во тој раствор потопете ја облеката околу половина час. Овој метод помага во отстранување на тврдокорните дамки, но и во неутрализирање на непријатните мириси. Потоа, облеката исперете ја во машина на вообичаена програма, а сушењето на сонце дополнително ќе ја освежи.

Уште еден природен избелувач е оцетот. Откако ќе ја натопите облеката во вода со додаден оцет, исперете ја како и обично. Овој начин е особено нежен и ефикасен за чувствителни материјали, но и за секојдневната бела облека.

И сокот од лимон може да биде одличен сојузник. Во сад со врела вода додадете една шолја оцет, а по желба и сок од лимон. Облеката оставете ја во овој раствор најмалку 45 минути пред перење. Комбинацијата од овие природни состојки помага белата облека да остане светла и свежа.

Со примена на овие едноставни трикови, вашата облека може повторно да изгледа како нова, без употреба на агресивни хемикалии и со зачувување на чувствителните ткаенини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот