Ивановски со државен рекорд до сребро на Балканијадата во Крајова

Фото: facebook.com/igor.jakimovski.7

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на 5.000 метри притоа освојувајќи го второто место и сребрениот медал на Балканското првенство во атлетика што се одржува во Крајова, Романија.

Ивановски оствари време од 13:56.59 минути освојувајќи го второто место зад Хрватот Дино Бошњак кој имаше време од 13:50.85 минути, додека бронзениот медал му припадна на Сезгин Атак од Турција.

На трката на 400 метри со пречки во женска конкуренција, Дрита Ислами го освои деветтото место на 400 метри со пречки со време од 59.58 секунди од 14 учеснички, додека Андреас Трајковски  настапи во скок во далечина и беше десетти со скок од 7,50 метри, а настапи и на трката на 100 метри на која го освои 11 место од 23 натпреварувачи со време од 10.88.

Јован Стојоски трчаше на трката на 400 метри, при што ја освои 11 позиција со време од 47.09 секунди, додека Андријана Поп Арсова делницата од 3.000 метри ја истрча за 9:50.48 минути и го освои деветтото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот