Ивановска влегува во изборна трка за градоначалничка на Центар: Во кампањата ќе се фокусирам на решенија, а не на лични навреди
Камањата ќе се базира на три столба и тоа одговорност, отчетност и транспарентност зашто општината припаѓа на сите граѓани. Вториот столб е инклузивност оти секој граѓанин е важен и третиот столб е заедништво и солидарност зашто веруваме во управување со вредности, а не со профит.
Ексантикорупционерката Билјана Ивановска ја објави кандидатурата за градоначалничка на Општина Центар на локалните избори закажани за 19 октомври. Со тоа таа влегува во изборната трка со актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од СДСМ и најверојатно кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ заменик министер за енергетика, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Препорачано
Ивановска во кампањата ќе се фокусира на три столба – одговорност, отчетност и транспарентност, инклузивност и заедништво и солоидарност.
-Одлучив да се кандидирам за градоначалничка на Општина Центар, општината во која ги делам истите проблеми со граѓаните, во кој го дишеме истиот воздух кој за жал не е загаден само со ПМ честички туку и со многу лоши политики и со корупција која погубно делува на граѓаните. Правдата, интегритетот и одговорноста се вредности коишто ме водат цел живот и сметам дека тие може да се преточат во креативни политики. Камањата ќе се базира на три столба и тоа одговорност, отчетност и транспарентност зашто општината припаѓа на сите граѓани. Вториот столб е инклузивност оти секој граѓанин е важен и третиот столб е заедништво и солидарност зашто веруваме во управување со вредности, а не со профит.
Мојата кампања ќе се фокусира на барање решенија, а не на обвинувања и личлни навреди моите заложби се граѓаните пред партиите и Општина Центар да биде на граѓаните а не на профитот – рече Ивановска.

Таа ги очекува гласовите на сите граѓани кои ќе препознаат чесно управување со општината. Меѓу приоритетите Ивановска рече дека ќе и бидат дозволите, плановите за градење да бидат усогласени со стандардите.
-Стандардот 3 – 30 – 300 ќе се борам да се воведе и во нашата општина, а тоа значи дека секој кога ќе стане од прозор да може да види три дрва,секој жител барем 30 квадрати да има зеленило и на 300 метри да има парк, ние сме далеку од тоа – рече Ивановска.
Ивановска ќе биде кандидат за градоначалнична од партијата во формирање Независни заедно.
Независните ја кандидираат поранешната прва антикорупционерка Ивановска за градоначалничка на Центар


