Ивановска: Синот на Џафери положил правосуден испит пред да заврши факултет, немаме механизам да го казниме

Билјана Ивановска ДКСК
Билјана Ивановска / Фото: МИА

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вечерва во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека синот на Талат Џафери, кој сега е на листата на обвинители, положил правосуден испит без завршен факултет, но дека државата нема правни или други механизми со кои би се казниле ваквите случаи.

„Точно е дека ја запревме постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери. Ние утврдивме, тоа што утврдивме го обелоденивме во јавноста – дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Да, имало злоупотреби во случајот, меѓутоа сето тоа се случува пред осум години и случајот се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што“, рече Ивановска.

Таа додаде и дека документите поднесени во Министерството за правда не се чуваат повеќе од една година и оти антикорупционерите немаат никакви алатки со кои би се казниле ваквите случаи.

„Дотолку што документите поднесени до Министерство за правда се изгубени, не се изгубени туку не се чуваат повеќе од една година. Иако сметам дека и тоа е погрешно. Проблемот го лоциравме ние кај универзитетот – како давал степен на образование 7/1 за 180 кредити, и кој му дозволил понатаму да полага правосуден испит без да ги има 300 кредити. Нема алатки како да ставиме некоја казна, но иако е запрена постапката, тоа ни отвора врата да видиме понатаму дали Барлет е изолиран случај или не. Тој универзитет во период од четири години има издадено 400 такви уверенија, понатамошна анализа ќе оди да видиме дали има и други такви факултети и да се извршат вонредни инспекциски надзори“, рече Ивановска.

Џафери за синот Барлет: Сензационализам, и моите деца ги уживаат сите права во државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот