Џафери за синот Барлет: Сензационализам, и моите деца ги уживаат сите права во државата

Таљат Џафери - претседател на Собрание на РСМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

„И моите деца, како и сите граѓани, ги уживаат сите права и можности во државата“, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери по веста дека Академијата за судии и јавни обвинители ја завршил и неговиот син Барлет Џафери, за кого беше откриено дека полагал и положил правосуден испит без воопшто да има завршен факултет.

„Јас сум свесен како претседател на Собранието и како носител на јавна функција сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на јавна функција. Антикорупциската комисија имаше постапка и таа е запрена, односно не можеше да се утврди злоуотреба од страна на син ми. Работата на институциите е друга работа и тоа не не засега ни мене ни, мојот син. Во секој случај како сите граѓани во државата, така и моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество“, изјави Џафери.

Освен синот на Џафери и други синови, снаи и роднини на политичари и судии ја завршија Академијата за судии и обвинители. На спсиокот се и Билјана Иванова, снаа на генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, а јавна обвинителка ќе биде и Албулена Абази, сопругата на шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Кандидатката за судијка, Симона Муцунски-Бубевска е сопруга на градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Меѓу новите кадри кои ќе правораздаваат има и синови на судии и обвинители – Драган Јосифовски, син на обвинителката Елизабета Јосифовска, кој ќе биде иден судија. Јавен обвинител ќе биде Јетмир Беџети, а синот на судијата од скопска Апелација, Енвер Беџети.

Последната генерација на судии и обвинители предизвика интерес откаково јавноста се дозна дека синот на Џафери предвреме полагал правосуден испит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот