Иван Николов/FK Radnik Bjelina

Иван Николов најде нов клуб, кариерата ја продолжи во БиХ

Македонскиот фудбалер Иван Николов, кој неодамна ја заврши авантурата во дански Сондерјиске, донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата до крајот на актуелната сезона. Негова нова средина ќе биде Радник Бијељина, клуб кој се натпреварува во првенството на Босна и Херцеговина.

Во претходниот период се шпекулираше дека интерес за неговите услуги покажале екипи од Србија, Данска, Унгарија и Норвешка, изборот на крајот падна на босанскиот прволигаш. Николов со Радник потпиша договор на шест месеци, со важност до завршувањето на сезоната.

Престојот во Сондерјиске за Николов претставуваше прв ангажман надвор од Македонија, откако претходно настапуваше за Академија Пандев (Брера), Вардар и Брегалница.

На репрезентативен план, Николов има зад себе 22 настапи за младата селекција до 21 година, а забележа и еден настап во дресот на сениорската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот