Итен разговор на Путин и Лукашенко, двајцата загрижени за состојбата на границата

Александар Лукашенско, Владимир Путин
Александар Лукашенко и Владимир Путин во Москва / Фото: EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / Архива на Слободен Печат

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко денеска разговарале за мигрантската криза на белоруско-полската граница и изјавиле дека се загрижени поради присуството на полските војници на границата, пренесува белоруската државна новинска агенција Белта.

„Посебно место во разговорот зазеде дискусијата за ситуацијата на белоруско-полската граница и за острите постапки на полската страна кон цивилите. Во исто време, беше истакнато, дека собирот на редовните полски војници на границата е особено загрижувачки. Шефовите на државите детално разговараа за вознемирувачките факти и трендови што се случуваат на белоруско-полската граница“, пишува Белта.

Полските власти соопштија дека илјадници мигранти се собираат во близина на границата со Белорусија. Варшава го обвини Минск дека се обидува да предизвика поголем конфликт со охрабрување на мигрантите да преминат во Полска и во Европската унија, што ги поттикна повиците на Унијата да воведе нови санкции кон Белорусија.

Полска објави дека распоредила дополнителни војници и полиција, додека соседна Литванија најави дека би можела да воведе вонредна состојба на границата со Белорусија.

ВИДЕО | ЕУ под притисок – Полска очекува ескалација на мигрантската криза на границата со Белорусија

ВИДЕО | Пукање на белоруско-полската граница, свикан итен состанок

ВИДЕО | Хаос со мигрантите на границата со ЕУ: Белорусија „сака да предизвика инциденти со жртви“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот