ВИДЕО | Пукање на белоруско-полската граница, свикан итен состанок

Фото: EPA-EFE/POLAND'S MINISTRY OF NATIONAL DEFENCE

Пукање се слушнало од полската страна на границата со Белорусија, на локацијата каде има околу илјада бегалци, изјави портпаролот на белоруската гранична служба.

– Прес-службата на граничната служба ја информира јавноста дека се слушнале истрели од полската страна на границата, изјави портпаролот.

Во моментов во близина на белоруската граница со Полска има околу 3000 до 4000 мигранти, а илјадници од нив се подготвени да ги следат, изјави портпаролот на полската Влада Пјотр Милер.

– Во Белорусија има повеќе од 10.000 луѓе кои се подготвени да ја преминат полската граница, рече Милер.

Полска ги засили безбедносните мерки на границата со Белорусија, на источната граница на Европската унија, по извештаите дека наводно голема група мигранти во Белорусија се собрала на преминот меѓу Белорусија и Полска, соопштија претходно официјални лица.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на Твитер изјави дека повеќе од 12 000 војници се распоредени на границата.

Тој додаде дека во подготвеност е ставена доброволна единица за територијална одбрана.

Полската влада закажа итен состанок, а премиерот Матеуш Моравјецки на Фејсбук напиша: „Границата на полската држава не е само линија на мапа. Оваа граница е нешто свето за кое е пролеана крвта на генерации Полјаци.

Европската унија соопшти дека се надева оти Полска, инаку членка на ЕУ, конечно ќе ја прифати помошта од Фронтекс, граничната агенција, која досега ја одбиваше.

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека официјален Вашингтон е загрижен поради вознемирувачките слики и извештаи од границата меѓу Полска и Белорусија. Во соопштението се повикува владата во Минск веднаш да ја прекине кампањата за насочување на нерегуларните бегалски текови преку своите граници.

– Се додека режимот во Белорусија одбива да ги почитува своите меѓународни обврски, го поткопува мирот и безбедноста на Европа и ја продолжува репресијата и злоупотребата на неговите граѓани кои само сакаат да живеат во слобода, ние ќе продолжиме да вршиме притисок врз Лукашенко и нашите повици да се повика на одговорност нема да се намалат, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот