Италијанските градови воведуваат задолжително носење маски и на отворено

рим италија
Рим, Италија/ Фото: Profimedia

Во пресрет на големите набавки пред Божиќ, се повеќе италијански градови воведуваат задолжително носење маски во центрите на градовите.

Новиот градоначалник на Рим, Роберто Гуалтиери вчера ја потпишал наредбата, соопштија од градот, пишува WantedInRome.

Според таа наредба, од оваа сабота, до 31 декември, луѓето ќе мора да носат заштитни маски во големите делови од центарот на градот, дури и на отворено.

Меѓу другото, новите мерки ги зафатија популарните туристички места.

Нови мерки во Милано, Бергамо и Болоња

Во северна Италија, во метрополите Милано, Бергамо и Болоња, веќе се воведени слични мерки.

Исто така, во главниот град на Пиемонт, Торино, градоначалникот Стефано Ло Русо потпиша одлука со која се бара од луѓето да носат маски во некои делови од центарот на градот, додека во некои делови мора да ги носат само во текот на денот.

Во Италија, здравствените експерти постојано ја нагласуваат важноста од носење маска за лице за заштита од инфекција со коронавирус.

Видео на денот