Италијански медиуми : Гeрманија блокира девет милијарди евра помош за Украина

Фото: МИА

Италијанскиот весник „Кориере дела сера” објави дека Германија блокира девет милијарди помош од Европска Унија за Украина.

Весникот повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека повеќе од еден месец е блокирана исплатата на значителна финансиска помош за Украина.

Според Кориере дела сера”, Берлин одобрил исплата само на првата транша од една милијарда евра.

Италијанскиот весник тврди дека германскиот министер за финансии Кристијан Линднер не одобрува Брисел да нуди толкава финансиска помош за Украина на сметка на заедничкиот европски долг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот