Италијанците: Елмас во Скопје му покажа на Гарсија што може, Наполи го спреми новиот договор

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Според последните информации, Наполи подготвува нов договор за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во текот на летниот период клубот одби понуди Лајпциг и Ливерпул, Германците нудеа и 30 милиони евра, а „Кориере дело Спорт“ најавува дека новиот договор се подготвува, но ќе зависи и од Руди Гарсија.

Гарсија на стартот од сезоната му дава скромна минутажа на Елмас и во два натпревари македонскиот репрезентативец одигра само десетина минути.

„Ако Гарсија не го промени односот кон Елмас со малата минутажа, новиот договор ќе биде под голем знак прашалник“, објави „Кориере“.

Во текстот исто така се потенцира дека со играта против Италија, Елмас го покажал својот капацитет, па тоа може да биде пресвртница и кај Гарсија.

„Елмас од Руди Гарсија доби само 21 минута на три натпревари на стартот на сезоната. А, со играта во Скопје против Гарсија како да сакаше да му покажа на Руди Гарсија кој е и што е“, пишуваат Италијанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот