Италија е лидер во производството на суперјахти
Италија е лидер во производството на суперјахти и бизнисот минува низ процут што го докажува континуираното проширување на бродоградилиштата во Ла Специја, пишува деловното издание „Виртшафтсвохе“. Областа околу ова италијанско пристаниште на туристите им е позната најмногу по живописните села кои „гледаат“ во синото море од крајбрежни карпи. Голем број јахти се изградени во регионот на Ла Специја – во „Заливот на поетите“.
Препорачано
Денес, заливот е еден од центрите на италијанската бродоградба, а на територија од околу три километри се лоцирани водечките бродоградилишта за луксузни пловни објекти во светот. Вкупно 47,6 отсто од луксузните јахти продадени ширум светот кои се долги над 24 метри, доаѓаат од Италија.
Во 2023 година, италијанските бродоградилишта известија за промет од близу осум милијарди евра, од кои една милијарда евра – од извоз. Дека бизнисот моментално цвета, јасно се гледа на пристаништата на бродоградилиште „Санлоренцо“. Јужно од него започнува бродоградилиштето „Рива“, каде што во моментов се работи на проширување. На едно од бродоградилиштата во Ла Специја вкупно 14 јахти чекаат да бидат доставени до клиентите. Со цел да се задоволи значително зголемената побарувачка во изминатата година, проширени се објектите, изграден е мал кеј, има и суви докови, обновени и проширени.


