Италија: Двајца загинати по падот на авион на воздухопловните сили
Двајца припадници на италијанските воздухопловни сили загинаа откако нивниот авион Т-260Б се урна во средата за време на воена вежба над Националниот парк Чирчео, јужно од Рим, во близина на градот Сабаудија, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Препорачано
Спасувачките екипи наводно ги пронашле запалените остатоци од авионот и телата на припадниците на воздухопловните сили внатре.
Авионот се урна во близина на еден од влезовите на паркот, во пошумена област каде што во тој момент немало никој. Причините за падот на авионот сè уште не се познати.
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони во објава на „Икс“ изрази сочувство до семејствата на жртвите, воздухопловните сили и целото Министерство за одбрана.
„Изразувам длабоко жалење за несреќата што се случи со авион на воздухопловните сили во близина на Националниот парк Чирчео. Моето сочувство и сочувство на Владата до семејствата на жртвите, воздухопловните сили и целото Министерство за одбрана“, напиша Мелони.
Esprimo profondo cordoglio per l’incidente occorso a un velivolo dell’Aeronautica Militare nei pressi del Parco Nazionale del Circeo. La mia vicinanza e quella del Governo alle famiglie delle vittime, all’Aeronautica Militare e a tutta la Difesa.
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) October 1, 2025


