Ормуски теснец EPA-EFE/MEHDI DEHDAR

Италија демантира текст на „Фајненшал тајмс“: Не преговараме со Иран за да дозволи премин на италијански бродови низ Ормускиот Теснец

Нема преговори со Иран за обезбедување премин на италијански бродови низ Ормускиот Теснец, соопштија денеска извори од кабинетот на премиерката Џорџа Мелони во Палацо Киги во Рим, демантирајќи извештај на „Фајненшал тајмс“.

– Во врска со она што денес беше објавено од меѓународните медиуми, Претседателството на Советот на министри ги демантира информациите за започнување билатерални или директни преговори со Иран за да се гарантира преминот на италијански бродови низ Ормускиот Теснец – изјавија тие.

„Фајненшал тајмс“ претходно објави дека Италија и Франција се обидуваат да разговараат со Техеран за да им се овозможи на нивните бродови да поминуваат низ теснецот, кој Иран го затвори во услови на војната меѓу САД и Израел, а низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светските испораки на нафта.

Извори од Фарнезина (италијанското Министерство за надворешни работи), исто така, нагласија дека „не се водат никакви тајни преговори за да се гарантира преминот на италијански бродови или нафтени танкери низ Ормус“.

„Палацо Киги и Фарнезина“, објаснија тие, „потврдуваат дека во своите дипломатски контакти италијанските лидери сакаат да создадат услови за општа воена деескалација. Но, не постојат никакви ‘заткулисни преговори’ чија цел е да се заштитат само одредени трговски бродови на сметка на други“.

Цената на нафтата од типот Брент повторно достигна 100 долари за барел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот