Истражувањата откриваат: Умереното пиење црвено вино ги прави мажите подобри во кревет

Фото: Pexels/ Wesley Davi

Многумина уживаат во различни алкохолни пијалаци, но мажите можеби ќе почнат исклучиво да консумираат вино, откако истражувањата покажаа дека црвеното вино им помага да бидат подобри во сексуалните односи, пишува „Дејли стар“.

Истражувачите ги разгледаа истражувањата од изминатите 30 години и потврдија дека консумирањето умерено количество црвено вино може на мажите да им помогне да ја зголемат нивната желба за секс, како и нивната техника.

Според студијата што е објавена во „Journal of Clinical Medicine“, црвеното вино може да помогне кај здравствените проблеми, како што се еректилната дисфункција и да го зголеми тестостеронот кај мажите.

Исто така, со истражувањето се открило дека, виното добро влијае и кај жените и може да им помогне да ја зајакнат нивната сексуална желба.

Полифенолите се силни антиоксиданси кои делуваат на подобра функција на внатрешната обвивка на срцето и крвните садови. Ова го подобрува протокот на крв и во други делови од телото, како што се половите органи.

Луѓето кои уживаат во други видови на алкохол, како што е белото вино или пиво, се вели дека имаат помала веројатност да имаат корист за нивното сексуално задоволство.

Во секој случај, истражувачите, велат дека тајната на добрите резултати е умереното консумирање на пијалакот. Пиењето премногу алкохол може да му наштети на вашиот сексуален живот и целокупното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот