Истражување: Зошто е точна изреката „кој рано рани, две среќи граби“?

unsplash

Секако сте чуле „кој рано рани, две среќи граби“, но дали сте се запрашале зошто е тоа така кога будењето рано е толку напорно? Новото истражување сугерира дека можеби вреди да се направи мала промена во вашиот распоредот на спиење која ќе ви го одржува и подобри расположението и ќе ви го намали ризикот од депресија. Таа мала промена е само да го наместите алармот еден час порано од вообичаено.

Истражувањето е спроведено од научници на „Универзитетот во Колорадо, Болдер“, „МИТ“ и „Харвард“. Научниците биле во можност да добијат нови сознанија за конкретни начини на кои индивидуите можат активно да ги менуваат своите навики за спиење или поточно, навиките за будење, со цел позитивно да влијаат на сопственото ментално здравје.

„Веќе некое време знаеме дека постои врска помеѓу времето на спиење и расположението, но едно прашање што често го слушаме од докторите е: Колку порано треба да стануваат луѓето за да имаат придобивка? Откривме дека будење дури и еден час порано е поврзано со значително помал ризик од депресија“, вели истражувачката Селин Ветер, доцент на „Универзитетот во Колорадо, Болдер“.

unsplash

Генетиката објаснува 12% – 42% од нечиј избор на временски интервал за спиење. И над 340 вообичаени генетски варијации вклучително и генот кој има главна улога во одредувањето на циркадијалниот ритам влијаат врз временскиот интервал на спиење.

Главниот истражувач Иас Даглас ги анализирал генетските податоци поврзани со спиењето на над 840 000 анонимни лица. 85 000 од испитаниците носеле тракери за спиење седум дена, а 250 000 испитаници одговориле на прашалници за времето на спиење. Средна точка (половина пат помеѓу времето на легнување и времето на будење) кај субјектите била 3 часот наутро, што значи дека просечниот субјект легнувал во 11 часот навечер и станувал во 6 часот наутро.

Во следниот чекор истражувачите анализирале анонимни досиеја за медицински прегледи и дијагностицирање на депресија. Сето ова со надеж дека ќе добијат одговор на прашањето: „Дали генетските предиспозиции на „ранобудните“ значат помал ризик од депресија? Сите знаци покажувале кон да.

unsplash

Според статистичката анализа на д-р Даглас, секоја „средна точка на спиењето која била направена порано (ако оперативната е 3 часот наутро, тогаш новата ќе биде два часот наутро) одговарала на намален ризик од депресија на 23%“. Значи, ако вашето вообичаено време за спиење е полноќ, вие потенцијално би можеле да го намалите ризикот од депресија за 23% ако започнете да легнувате во 23 часот.

Истражувачите потенцирале дека сè уште не е сосема јасно дали будењето уште порано нуди значителни придобивки за луѓето кои веќе се „ранобудни“. Но, за луѓето кои спаѓаат во мнозинството и се будат подоцна може навистина да биде корисен метод за смирување на депресијата, пренесува „Real Simple“ .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот