Истражување на научници од Австрија: Оние што прележале ковид се еднакво заштитени како и оние кои се вакцинирале
Долго време се води расправа за тоа дали оние што прележале ковид-19 создаваат исто количество антитела, како и примената вакцина, или вакцината е подобра заштита.
Препорачано
Се чини дека научниците конечно дојдоа до одговор. Според научниците од Медицинскиот факултет во Грац во Австрија, лужето кои прележале ковид имаат 91 отсто понизок ризик на повторна инфекција во следните седум месеци.
Тие овој заклучок го изнесоа во Европскиот магазин за клинички истражувања. Според тие истражувања нивото на заштита кои се добива од прележан ковид е само малку понизок од нивото на заштита кое се добива со вакцинирање со вакцината која ја произведува Фајзер, за која е утврдено дека штити од 94 до 95 отсто.
Тоа значи инфекција со коронавирусот создава еднакво ниво на заштита кои го имаат и вакцинираните луѓе, а австриското истражување утврдило дека тоа важи за покус период.
Во студијата учествувале луже кои се заразиле во првиот бран, од февруари до април лани. Научниците ги интересирало дали истите луѓе се заразиле и за време на вториот бран од септември до ноември лани. Утврдиле дека тие имаат многу поголема отпорност на инфекцијата ако се споредат со остатокот од населението.
Франц Алерберг од Австриската агенција за здравство и безбедност рече дека порастот на колективниот имунитет е значаен, но дека треба да останат внимателни, бидејќи не е јасно како тој имунитет ќе се покаже во судир со новите видови на вирусот, како што е британскиот.
„Податоците укажуваат дека растот на имунитетот на ковид-19 меѓу Австријците, иако уште не сме сигурни колку тој имунитет е валиден во однос на можна инфекција со различни видови на коронавирусот и колку точно оние кои го преежале вирусот имаат заштита од реинфекција во подолг временски период. Потребни ни се дополнителни истражувања, кои ќе се занимаваат со истите испитаници подолг период како и споредба на податоците со податоците од други земји“, рече Алерберг.
Во претходни студии британските научници дојдоа до заклучок дека 90 проценти од заразените со коронавирус имаат антитела шест месеци по инфекцијата.. Податоците од февруари од најголемата британка база на биомедицински податоци УКБиобанк покажуваат дека 88 отсто од испитаниците шест месеци по инфекцијата имаат антитела. Она што е интересно е предупредувачко е дека и по три месеци од инфекцијата 99 отсто од нив имале антитела.
Од тоа може да се заклучи дека со еднаш прележан ковид не значи траен имунитет и дека е потребна внимателност.


