Истраги против двајца скопски дилери за кокаин, амфетамин, екстази и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истраги против две лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во првиот случај, 42-годишен скопјанец е осомничен дека во периодот од мај до октомври годинава, на вториот кат во куќата во која престојувал на улицата „Тиранска“, опремил простории за одгледување и сушење на канабис, набавил семки од растението и го одгледувал, со цел неовластено производство на наркотична дрога – марихуана и хашиш.

При претрес во домот биле пронајдени 291 стебло канабис со поединечна висина од 10 до 33 сантиметри, засадени во посебни саксии во просториите каде биле инсталирани системи за наводнување и за вештачко одржување на светлина и температура.

Против 32-годишен скопјанец, пак, истрага е поведена затоа што на паркинг пред зграда во Влае неовластено пренесувал амфетамин со вкупна нето маса од 2048,2 грама, како и 2,17 грама кокаин и осум таблети МДМА – 3,4 метилен диоксиметамфетамин. Дрогата ја оставил во заграден простор наменет за канти за собирање смет и се оддалечил, но полициските службеници го сопреле и ја заплениле дрогата.

За двајцата осомничени до Основниот кривичен суд Скопје се доставени предлози за определување мерка притвор, бидејќи надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи за притворска мерка како неопходна за непречено водење на кривичната постапка.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот