Историски референдум во Австралија на кој ќе се гласа за правата на Абориџините

Знамето на Абориџините/ Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Во Австралија започна гласањето на историскиот референдум за правата на Абориџините, чија цел е да им се даде право на глас во Парламентот.

Гласањето е отворено на повеќе локации низ Австралија за граѓаните кои не можат да гласаат на денот на референдумот, 14 октомври.

Гласачите ќе можат да гласаат за реформата со која за првпат во Уставот би се признале домородните народи.

Предлогот, наречен „Глас“, ќе им даде право на Абориџините и на жителите наТоресовиот Проток да бидат прашани во парламентот за државните мерки што ги засегаат.

Анкетите покажаа дека има поддршка за предлогот, но како што се наближува датумот за гласање, се чини дека во предност се противниците на предлогот. Оние кои се против предлогот веруваат дека реформата ќе донесе привилегии за Абориџините.

Денеска беа отворени гласачките места во австралиските држави Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија и во главниот град Канбера. Вчера беа отворени и во други делови од земјата.

Според неодамнешните анкети, нешто повеќе од 40 отсто од гласачите го поддржуваат предлогот, додека околу 60 отсто се против. Новата анкета објавена денеска покажува дека тенденцијата за прифаќање на предлогот расте, но сепак е во малцинство.

Австралиските Абориџини, чии предци живееле на континентот пред најмалку 60.000 години, претставуваат помалку од четири отсто од населението. Статистички, живеат пократко и се посиромашни од своите сонародници, помалку се образовани, а според статистичките податоци почесто се завршуваат во затвор од другите жители на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот