Фото: Tottenham Hotspur

Историска катастрофа за Тотенхем: Никогаш претходно во 144 години постоење не им се случило вакво нешто

По убедливата победа на Вест хем над Вулверхемптон од 4-0 во 32. коло од Премиер лига, Тотенхем се најде во зоната за испаѓање, нешто што претставува вистински преседан во историјата на клубот.

Ова е првпат во своето 144-годишно постоење лондонскиот тим да биде под „црвената линија“ во април, односно во самиот финиш на сезоната. Со триумфот, Вест хем успеа да избега од опасната зона, додека „спарси“ паднаа под неа.

Следниот предизвик за Тотенхем ќе биде гостувањето кај Сандерленд, натпревар со огромно значење за клубот. Евентуална победа би значела излез од зоната за испаѓање и прескокнување на директниот конкурент.

Колку е сериозна ситуацијата говори и анализата на „Полимаркет“, според која Тотенхем во моментов има дури 39 проценти шанси да испадне од елитата.

ВИДЕО | Вест хем го остави Тотенхем во зоната за испаѓање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот