Историја: Нандо Де Коло стана најдобриот стрелец во европската кошарка

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Легендата на француската и европската кошарка Нандо Де Коло како актуелен кошаркар на Асвел Вилебран испиша историја и го надмина Никос Галис станувајќи најдобар стрелец во историјата на европската кошарка.

До Коло во првата четвртина од натпреварот против Виртус постигна седум поени и така го надмина Галис кој имаше постигнато 4.092. Французинот во овој момент има 4.904 постигнати поени.

Ако се земе предвид вечната листа Де Коло уште долго ќе остане врвот затоа што Дејан Бодирога е на третата позиција 4.458 поени, Хуан Карлос Наваро 4.321, а ниту еден од актуелните кошаркари не е блиску да го надмине.

Кариерата Де Коло ја започна во Шоле во 2008 година, подоцна го носеше дресот на Валенсија (2009-2012), а потоа замина во НБА од каде што по две години се врати во Европа во ЦСКА Москва и Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот