Исповед на Кежаровски: Ми викаат дека јас сум крив што избега Груевски

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Новинарот Томислав Кежаровски денеска беше еден од последните говорници на трибината „Жртви на режимот“ во организација на НВО Цивил. Пред присутните, Кежаровски говореше дека за се што поминал низ затворот и судските лавиринти во Македонија, пишува „Фокус“.

-Граѓаните во тој период не можеа да носат слободни одлуки. Многу беа протерани, измачувани, но и убивани. Жестоко се боревме, а таа Шарена револуција донесе нешто многу подобро. Сепак, бавно одат некои наши барања, иако политичарите ни ветија. Сметам дека ние сме жива историја и тие спомени треба да продолжат да живеат. Мене многу ми е криво што зборот режим како да е забранет за новинарите. Кога ќе се присетам на случувањата од 27 април, не можам да се помирам како Крсто Мукоски не знаел што ќе се случи со отворањето на вратите на Собранието. И ден денес плукаат, пцујат се живо во фамилија. Ми викаат дека јас сум крив што избега Груевски. Без оглед на се, јас ќе се борам до крај. Никаде нема да пишува дека се предавам – порача Кежаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот