Исповед на Брижит Макрон: „Имав нормален живот… а потоа ги видов темнината, глупавоста и злобата во светот“
Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, во недамнешно интервју призна дека десетте години во улогата на прва дама на Франција длабоко ја промениле. Поранешната професорка отворено изјави дека станала тажна, цинична и песимистична како никогаш претходно, и дека одблизу ја видела „темнината на светот, глупавоста и злобата“.
Препорачано
Во интервјуто за „La Tribune Dimanche“, таа го спореди својот живот пред и по влегувањето во Елисејската палата:
„Претходно имав нормален живот, деца, работа, подеми и падови, како и сите други. Овие 10 години поминаа многу брзо. Беа многу интензивни. Ја видов темнината на светот, глупавоста, злобата. Понекогаш ми е тешко да го видам синото небо. Имам моменти на песимизам кои претходно ги немав“, изјави таа.

Нејзините коментари доаѓаат во моментот кога нејзиниот сопруг најави дека по претседателските избори во 2027 година ќе се повлече од политиката. Макрон, кој претходно работеше како инвестициски банкар, нагласи дека е потребна голема енергија за мандатот да се приведе до крај.
Живот под лупа и напади
Брижит и Емануел се запознале во 1993 година во средно училиште каде таа била професорка по драма, а тој имал само 15 години. Нивниот брак, поради големата разлика во годините, од самиот почеток предизвикуваше големо внимание во јавноста.

За време на мандатот, Брижит беше мета на бројни теории на заговор и лажни обвинувања, вклучувајќи ги и бизарните тврдења дека е трансродна жена. Овие гласини и сајбер-насилството, според нејзините соработници, сериозно го нарушиле нејзиното ментално и физичко здравје.

И покрај сите притисоци, таа остана една од најблиските советнички на својот сопруг и е активно посветена на хуманитарни проекти, особено во борбата против насилството врз жените и децата.
Додека дел од француската јавност ја пофали нејзината искреност, критичарите ја прекоруваат дека е „прва дама која се жали“.


