Искршена шофершајбната од автомобилот на Самка Ибраимоски

Непознат сторител ноќеска ја искршил шофершајбната на автомобилот во сопственост на пратеникот од ПЦЕР Самка Ибраимоски. Автомобилот бил паркиран пред домот на Ибраимоски.

– Синоќа го паркирав автомобилот, вообичаено. И утринава, еден од соседите ме разбуди во 7 сабајле да ми каже дека шофершајбната ми е искршена. Сторителот е непознат, а пријавив и во полиција. Синоќа имаше настан на ВМРО ДПМНЕ во Тетово, така што, јас имам напред ставено визит карта и знаеле дека автомобилот е мој. Чисто да направат штета, изјави Ибраимоски за „Слободен печат“.

Тој додаде дека не е првпат да му се случуваат вакви инциденти.

– Пред шест месеци ми ги дупнаа двете гуми исто пред зграда, кгоа беше денот на македонскиот јазик и ми оставија порака ,,Циган еден, ти ли ќе ја продаваш Македонија?, посочи Ибраимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот