Исцрпени се средствата за поправка на лифтови во Карпош, исплатени околу 2,6 милиони денари
Комисијата на Општина Карпош задолжена за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојни и поставување нови лифтови, неодамна го достави извештајот за нивната досегашна работа, до градоначалникот Стевчо Јакимовски. Според финансискиот извештај за субвенции за лифтови, годинава Општина Карпош им исплатила вкупно 2.653.533 денари на деветте управители односно заедници на сопственици, кои ќе ги искористат овие средства за санација на лифтовите во своите станбени згради.
Препорачано
Во извештајот на Комисијата исто така стои дека во рамките на јавниот повик за 2025 година, во постапка за исплаќање субвенции за оваа намена се тројца потенцијални корисници.
Локалната самоуправа ќе им исплати вкупно 1.325.500 денари за санација на два лифта, како и за поставување еден нов лифт во колективните станбени објекти на територија на Карпош. Во случајов, овие предмети се префрлаат во општинскиот буџет за 2025 година, а потенцијалните корисници на субвенции мора да ја комплетираат документацијата до објавување на новиот Јавен повик за наредната година – соопштија од Карпош.
Според досегашните пристигнати материјали, Комисијата констатирала дека вкупните предвидени финансиски средства за 2024 година во износ од 3.000.000 денари се целосно исцрпени.


