Исчезнатиот морнар од Мексико во последната порака до неговото семејство побарал од нив да се молат за него

Бурата Отис во Мексико / Фото EPA-EFE/David Guzmán

Во раните утрински часови на 25 октомври, кога ураганот Отис дојде до заливот Акапулко со ветрови од 260 км на час, морнарот Рубен Торес снимил аудио порака од 10 секунди од неговата јахта Серено, пишува АП.

„Мислам дека ќе сум добро, но навистина е ужасно, навистина е ужасно, навистина е ужасно“, рекол тој, а во позадина се слушал силниот ветер и алармите на бродот. „Семејство, не сакам да претерувам, но молете се за нас затоа што е навистина страшно овде“.

Серено беше еден од 614 чамци – јахти, траекти, рибарски чамци – кои според мексиканската морнарица биле во заливот таа ноќ и завршиле оштетени или на дното на океанот. Од оние на бродот Серено, едно лице преживеало, додека Торес и капетанот на бродот се водат како исчезнати.

Отис официјално уби најмалку 48 луѓе, повеќето се удавија, а околу 26 се водат како исчезнати. Морнарите, рибарите и нивните семејства веруваат дека има многу повеќе.

Бурата Отис во Мексико / Фото EPA-EFE/David Guzman

Морнарите во регионот обично се качуваат на своите чамци за време на бура, наместо да останат на копно каде што би биле безбедни, за да можат да ги донесат чамците во заштитените делови на заливот Акапулко наместо да ги остават каде што бурата може да ги удри во пристаништата и да ги оштети.

Но, Отис не беше нормална бура. Кога тој ден морнарите отишле на море, никој не очекувал дека тропската бура ќе зајакне до ураган од 5-та категорија за 12 часа и ќе изврши директен удар над Акапулко, не оставајќи безбеден дел од заливот.

Сузана Рамос, сопругата на Рубен Торес, ја слушнала пораката на нејзиниот сопруг само неколку дена подоцна. Семејството на Торес ја знаело неговата рутина кога се приближувал ураган: тој се качувал на брод за да се погрижи за чамецот и екипажот кој пловел со него во близина на поморската база во областа заштитена со планини што го обиколуваат заливот.

Рамос подготвил и сува облека за неговото враќање, а го спремил и појасот за спасување. Неколку часа подоцна, домот на семејството почнал да се поплавува.

„Ѕидовите беа како да плачат“, рече Рамос.

Таа се сетила дека нејзиниот сопруг секогаш им велел да не се плашат од водата, туку да се плашат од ветрот. Кога Торес ја снимил последната порака во која барал од неговото семејство да се молат за него, десетина членови се стуткале во бетонската куќа.

Градот се разбуди изолиран, без струја, телефонски сигнал или вода. Десетици илјади домови беа уништени, цели населби поплавени, луксузни хотели беа издлабени без ѕидови и прозорци. Дрвја, столбови за струја и ѓубре имало насекаде. Деталите за ситуацијата на морето се провлекуваат побавно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот