Ирена Богдановска зад себе остави две деца / Фото: Фејсбук

Ирена Богдановска од Крушево ја изгуби битката за живот, откако падна во кома по убод од инсект

Почина Ирена Богданоска од Крушево, која по убод од инсект падна во кома. Таа беше пренесена во приватната болница „Систина“ во Скопје и се бореше за живот.

– Почитувани роднини, драги пријатели, во овие тажни и тешки моменти чувствувам потреба да се заблагодарам на сите здраствени работници и на целиот народ кој се солидаризираше со нас во најтешките моменти на моите крушевчани , но за жал и покрај сите напори мојата ќерка Ирена ја загуби битката, соопшти вчера нејзиниот татко Ѓоко Костоски преку фејсбук-објава.

Семејството на Ирена имаше отворено сметка за донација на социјалните мрежи за таа да оздрави и повторно да се врати кај сопругот и нивните две деца. Лекувањето од еден ден ја чинеше 1500 евра.

Апел за помош: Млада мајка од Крушево е во кома и се бори за живот по убод од инсект

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот