Ирански генерал: Еден куршум кон мојата земја ќе предизвика пожар на американските интереси

Иранската армија денеска ги предупреди САД дека најмалиот напад врз територијата на Иран ќе има катастрофални последици за американските интереси во регионот.

-Испукување на еден куршум кон Иран ќе предизвика пожар за интересите на Америка и нејзините сојузници, изјави бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, портпарол на Генералштабот на обединетите ирански вооружени сили.

-Ако непријателот, особено Америка и нејзините сојузници во регионот, направат грешка и испукаат куршум на бурето барут на кое се наоѓа Америка, тогаш ќе се запалат нејзините интереси, рече иранскиот генерал, додавајќи дека целта на „непријателот”, особено Израел, е да го разоружа Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека во последен момент се откажал од воздушните напади врз Иран за да се избегнат човечки жртви, но се закани дека ќе му се одмазди на Техеран, кој ден претходно собори американско беспилотно летало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот